,,Да зборуваме гласно, да работиме гласно, заедно за пристојно, безбедно и здраво работно место!” беше темата на денешната конференција во Битола на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
За да изградиме пристојни работни места треба да зборуваме за пристојна плата која обезбедува пристоен живот. Но, пристојно работно место исто така значи и здраво и безбедно работно место кое овозможува долгорочно планирање на иднината, не само на работникот, туку и на неговото семејство, беше речено на конференцијата.
Големи средства од буџетот на Република Македонија се трошат на рехабилитација и санирање на повредите на работно место. За проблемот да биде уште поголем статистиките покажуваат дека многу малку се грижиме за безбедноста и здравјето при работа.
На овие конференции сакаме да укажеме на важноста од БЗР и како локалната самоуправа придонесува, какво е партнерството помеѓу социјалните партнери кое е важна алка на сите нивоа и сегменти и може да придонесе да се подобри лошата слика, рекоа од Конфедерацијата на слободни синдикати.
Од синдикалниот совет за безбедност и здравје при работа рекоа дека статистиката на меѓународнта органзиација на труд вели дека 4 проценти о БДП во сиромашните земи се одлеваат за компензации по однос на повреди и несреќи при работа, а ги кажаа и статистиките кај нас.
Секој работник по завршувањето на работното време дома треба да си оди кај своето семејсво среќен и задоволен, а не повреден. Посочија дека во случај на повреда на работното место, работникот да не прифаќа спогодбено договарање со работодавачот.