Во Ректоратот на УКЛО се одржа состанок помеѓу ректорскиот колегиум раководен од ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и претставници на Претседателството на Синдикатот, предводени од проф. д-р Саша Дуковски. Се анализираа досегашните достигнувања, се отвори дискусија за натамошно унапредување на работничките права.
Универзитетскиот синдикат и ректорксата управа денешната средба ја остварија со неколку поводи – најпрвин се одбележа годишнината од протестот со кој на јавноста и на политиката им се претстави проблемот во однос на диспропорцијата на професорските плати на различните македонски универзитети.

Во изминатиот период синдикалните организации на македонските јавни универзитети се обединија во Унија и заеднчки поставија цели и активности кои се однесуваат на новите предизвици.
Синдикатот и Ректорските управи на ууниверзитетите не се спротивставени страни, напротив, а оваа година предизвикот се новите измени во Законот за високообразование за кои и УКЛО будно ги следи работите.

Средбата заврши со договор за редовна комуникација, со цел навремено адресирање на сите предизвици и можности за унапредување на стату сот на вработените, за што и двете страни ја изразија подготвеноста за дијалог со цел долгорочно унапредување на академската и работничката средина на универзитетот и високото образование. Денеска, синдикалниоит лидер професор Саша Дукоски доби Благодарница од Универзитетот за Синдикатот , за успешна соработка и синдикална солидарност.












