Кошарка
Куп на Македонија
Четвртфинале
КК Пелистер – КК Еуро Никел 2005 79-70
Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер е трет полуфиналист во Купот, по пресвртот и триумфот со 79-70 во дуелот со Еуро Никел. Ова е вкупно трет пласман во полуфиналето за битолскиот клуб во историјата, но прв по 2009 година кога стигна и до мечот за пехарот и таму загуби од Амак СП.
Најдобар кај Пелистер беше Карпентер со 22 поени, пред Караџовски со 20 поени, додека Маслинко додаде 16 поени и седум блокади.
Полуфиналето против Феникс 2010 се игра утре попладне.












