ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ:ОПШТИНАТА ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНА РАБОТА

Денеска на седницата на совет пред советниците се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Информираше дека општината продолжува со интензивна работа. Се работи на инфраструктурни проекти на 7 локации, кажа дека 15 улици се пред отпочнување со работа, а во тек се постапки за 28 улици.

„Оваа градежна сезона, започнавме со реконструкција на водоводна, канализациона мрежа и коловоз на улицата „Зборска“, во должина од 200 метри со вкупна вредност од 6.569.281 денари.

Во тек се и активностите со кои треба да биде комплетирана првата фаза од партерното уредување кај Офицерски дом на површина од 2100 метри квадратни во вкупна вредност од 23.002.486 денари.

Работиме и на реализација на проектот „Реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од ул.„Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до с.Долно Оризари, односно пешачка патека с.Долно Оризари во должина од 1 километар и вкупна вредност од 6.391.299 денари, од кои 3.052.163 за улично осветлување и 3.339.135 за градежните работи.

Партерно се уредува површина од 425 м2 на улицата „Македонски гемиџии“, површина од 230 метри квадратни на улица „Булевар 1 ви Мај“, дел од улицата Вера Циривири Трена, а согласно склучениот договор, ќе продолжиме и со уредување на пешачки патеки и на други локации.

Се разбира еден од приоритетите е и уредувањето на просторот во Централното градско подрачје 3 дел Блок 10 и 16, за што постапуваме согласно законските процедури и донесените одлуки и доколку сите постапки бидат завршени во предвидениот рок, проектните инфраструктурни активности и тука ќе се реализираат оваа градежна сезона.

На улицата „16та“ завршена е постапката за експропријација, со што надминати се проблемите и ќе се пристапи кон реализација на склучениот договор за поставување на коловоз на 4 профили во должина од 460 метри во вкупна вредност од 5.182.571,92.

Во делот на инфраструктурата, за оваа градежна сезона, веќе имаме склучено договори и наскоро ќе имаме вовед во работа за комплетна реконструкција на улици во населба Недопирливи, реконструкција на водовод и канализација на улица Драгорска, започнуваме со следната фаза на улицата Солунска, каде исто така имаме реконструкција на канализациона мрежа, водовод и коловоз.

Склучени се договори и за реконструкција на крстосница на ул.„Прилепска“ со ул.„Батаљон Стив Наумов“ (Ветеринарна станица), изградба на капацитети во енергетиката Ул.„СТУ 1 Дел2. АРМ четврт1, а донесена е одлука за избор на изведувач за 10 улици во с.Егри во должина од 1400 метри, реконструкција на коловоз во село Лажец, изградба на улична мрежа во село Оптичари, изградба на коловоз на улица „СРУ 5“ во АРМ Четврт 1.

Оваа градежна сезона започнува и реконструкцијата на улицата Индустриска, а во постапка на избор на изведувач се проектите за реконструкција на улица „Стив Наумов“ во должина од 1300 метри, Реконструкција на локален пат с.Трново до граница на НП Пелистер, изведување на улично осветлување на ул „Студентска“ и проектот за изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улица Цане Василев и Кочани, како и за реконструкција на паркинг простор кај спортска сала „Боро Чурлевски“.

Во постапка на склучување е и договорот за изготвување на Студија за утврдување на состојбата на седум челични мостови на р. Драгор.

Во делот на изготвување на проектна документација, во тек се постапките за: Проектна документација за инфраструктура за 6 локации (наспроти селска автобуска, позади зграда „Кифла“, позафи зграда „Декорпод“, Овчи пазар и позади зграда „Хеликоптер“, реконструкција на улици во село Карамани – фаза коловоз со должина 2021 метар, реконструкција на улици во село Бистрица во должина од 900 метри, реконструкција на улица Христо Ботев во должина од 500 метри, уредување и регулирање на дел од отворен канал с.Логоварди, реконструкција на локален пат за село Змирнево, реконструкција на пристапна улица до училиште во с.Меџитлија во должина од 400м.

Проектна документација се изготвува за: Реконструкција на улица Нико Фундали Реконструкција на кров на спортска сала во с. Бистрица, Реконструкција на улица Димитар Тодоровски, улица Влатко Миленковски и Гаврило Принцип, Панде Кајзеро, улици во с. Д. Оризари со должина од 1400 м Фаза 2, ул. Леринска, улиците „150“, „170“ и „210“, а донесена е одлука за избор и за подготовка на проекти за Реконструкција на ул. Д.И.Муратот од пресек со Широк Сокак до ул.Ленинова, ул. 11ти Март, Панде Николов, Козара, Димитрие Туцовиќ.

Во првиот квартал од оваа година, имаме и доста зголемена работа на одделението за спроведување на урбанистички планови, при што издадени се 457 изводи од план и 140 уверенија за во/вон градежен реон, завршени се 20 предмети за издавање на одобрение за градење, завршени се 420 постапки за спроведување во АКН и издадени се 13 решенија за општина Битола за инфраструктурни градби“, рече градоначалникот Коњановски.