ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВА СПОРТСКА САЛА

Во рамките на синоќешната прославата на 35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, се одржа и промоцијата за кандидат за градоначалник на општина Битола.

„Искрена благодарност до членовите, симпатизерите и поддржувачите за довербата, поддршката и присуството. Особена благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски, за дадената доверба и јасната поддршка да ја продолжиме битката за подобра и поразвиена Битола. Верувам во тимска работа, посветеност и визија! Заедно продолжуваме напред со проекти, со резултати, со љубов кон нашиот град“ рече градоначалникот Коњановски, кој од партијата доби мандат за кандидатура за уште еден градоначалнички мандат.

Коњановски во своето обраќање направи ретроспектива на она што е сработено во изминатите речиси честири години, како и на проектите кои општината ги реализира и ќе ги реализира со парите од централната власт.

„Честопати изминатата година се поставува прашањето што и дали е нешто направено за и во Битола од периодот од декември 2021 година со почетокот на мандатот до денес јули 2025 година. Независно дали ова прашање се поставува со добра или со лоша намера, денес гордо стојам пред вас, со полно сцре и верба дека Битола расте, се развива и е поубава од пред три и пол години“ рече Коњановски.

Тој кажа и дека Битола ќе добие нова спортска сала без разлика дали некој размислува поинаку, дали му се допаѓа на некој или не, и кажа дека очекува новиот состав на Советот да даде поддршка на нацрт деталниот урбанистички план со кој се предвидува нов спортски комплекс во Битола.

Пред присутните се обрати и генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

„Денес одбележуваме 35 години од основањето на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, симбол на непокор, чесна политика и работа во интерес на народот. Ова не е само бројка – тоа се 35 години идеја, визија и дело, создадени со пожртвуваност на генерации кои ја ставаа Македонија на прво место. Со нова сила, со јасна цел и со народот зад нас, продолжуваме да се бориме за подобра Македонија! Да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски на локалните избори“ рече Сајкоски.