ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ВРШИ УВИД ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ЗИМСКАТА СЛУЖБА

Од општината соопштија дека после врнежите од снег утрово, екипите задолжени за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, отворените и затворени паркинзи постојано се на терен.

Исто така покрај вклучените јавни претпријатија, во координација се и со „Македонија пат“ во делот на расчистување на снегот на регионалните патни правци, како и патните правци до скијачките центри „Стрежево“ и „Копанки“. Исто така и активно во зимската служба вклучени се и ЈП „Стрежево“ и АД „ЕСМ Молика“.

Градоначалникот Тони Коњановски, денеска изврши увид на состојбата со улиците во градот со цел иницирање на дополнителни активности, на местата каде тоа е потребно, имајќи во предвид дека согласно најавите врнежите ќе продолжат во текот на целиот ден, како и следните денови.

Тој ги повика претставниците на зимската служба на организирано и координирано делување, согласно донесената програма и одржаните координативни состаноци.

Механизацијата на јавните претпријатија, од утрово, работи на расчистување низ градските улици, така што нема задржување на поголеми наслаги од снег по улиците. Покрај расчистувањето, се врши и посипување со сол и ризла.

Паралелно со механизација се работи на терен и во поранешните општини Бистрица, Цапари и Кукуречани.

Фото: Општина Битола