ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: ДА НЕ НАВЛЕГУВАМЕ ВО ТОА КОЈ ШТО ЌЕ КАЖЕ, ДЕЛАТА ЌЕ КАЖАТ

Да не навлегуваме во политиканство и во тоа тоа кој што кажал и ќе каже, делата ќе покажат, вака денеска рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски прашан за коментарните, односно критиките на дел од мнозинството во Советот на Општина Битола.

„Тоа останува на оние кои ја почнаа приказната, значи од самиот старт, од моето прво појавување на говорницата кажав дека Советот и градоначалникот имаат голема тежина и одговорност да ги спроведат оние работи за кои што се избрани. Сите оние кои што сакаат да подадат рака и да бидат дел од напорите кои ги правиме за подобро утре на нашиот град, се добредојдени. Секогаш имало отворена врата, секогаш проектите се прифаќале и од едните и од другите и од третите, секогаш сме гледале да не ги делиме луѓето по политичка припадност и јас мислам дека ако ги прашате советниците и од повеќето политички опции, ќе ви кажат дека секогаш е отворена вратата на Општината, за се можат да се информираат, за сите нивни добри проекти дајте заедно да разговараме, така што не би сакал повеќе да коментирам, велам да не навлегуваеме во ситни политички поени и профитирање кој ќе каже и како ќе каже, делата ќе кажат“ рече Коњановски.