ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА РАКОМЕТАРИТЕ И НА ЧКЕМБАРИТЕ

Синоќа пред Офицерскиот дом се одржа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула од страна на РК „Еурофарм Пелистер“. Голем број битолчани, верни навивачи, припадници на навивачката група „Чкембари“, како и бројни љубители на ракометот, се собраа заедно да го одбележат овој историски успех.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се обрати на присутните, изразувајќи искрени честитки до ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот. Тој се заблагодари за нивната посветеност и професионализам, истакнувајќи дека со овој успех Битола уште еднаш докажа дека е вистински спортски град со огромен потенцијал и традиција во ракометот.

„Битола уште еднаш покажа и докажа дека живее за спортот. Честитки до играчите и верните навивачи Чкембари“ вели Коњановски.

Претоходно од Општината соопштија дека градоначалникот Коњановски на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.

Фото: Општина Битола