ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ И БОЈКОСКИ НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА НА ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

По повод патрониот празник на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Свечена академија во Офицерски Дом Битола на која беа присутни градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, заменик градоначалник Бојан Бојкоски, голем број гости, директори на основни и средни училишта, родители и ученици.

„Би сакале да им се заблагодариме на сите што го збогатија патронатот со нивното присуство, а посебно на колегите и учениците кои несебично и целосно се вложија и ја подготвија целосната програма.

Вооедно би сакале и да им честитаме на наградените ученици на литературниот и ликовниот конкурс, да им посакаме успех и во иднина и не само ним, туку и на првенецот и спортистот на генерацијата“ велат од основното училиште.