Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на Паркинзи, Зоран Михајловски наместо да воведат ред, предизвикуваат дополнителен хаос со паркирањето во Битола, реагираат од битолската СДСМ.
„Ова е паркингот кај Стара болница кој опслужуваше 250 станари. Преку ноќ, општината ги извади рампите и ги премести кај Спорската сала. Се уништи нешто што функционираше, го регулираше сообраќајниот хаос и за што има Одлука донесена од Советот на Општина Битола.
Станарите од Стара болница иако имаат платено за годишни карти за паркирање, општината парите не ги враќа. Останаа и без пари и без паркинг места.
Слатки пари без мака е стара навика на ДПМНЕ! Парите од станарите собрани, сега печалат од паркингот кај Спортската“ стои во објават на СДСМ.












