ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ И ПОПОВ ЗА БАЗЕНОТ ВО БИТОЛА

На „Политичката академија“ на УМС на ВМРО ДПМНЕ која деновиве започна во Битола, а која е посветена на младината, присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и му поставивме прашање за младите, односно за учениците.

Го прашавме дали го има одговорот зошто базенот во ОУ„Даме Груев“ не е готов, а тој е за младите.

„Се што се нафатило ВМРО ДПМНЕ ќе го реализира. Па така и овој проект да го наречам или она што ни го оставија ќе го завршиме секако“ ни одговори Коњановски.

Сергеј Попов кој е претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието, рече дека и тој ќе се заложи за ова прашање со базенот.

„Со инвестиција од 43 милиони денари, како резултат на успешната соработка помеѓу локалната и централната власт, во Битола започна изградбата на затворениот пливачки базен. Денес, во присуство на голем број спортисти и спортски работници беше поставен камен темелникот, а изградбата се очекува да биде завршена за помалку од 18 месеци“ ваква беше објавата на интернет страницата на Општина Битола на 15 февруари 2020 година.