ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „КОПАНКИ“ СЕ РАБОТИ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во емисијата „Директно“ на Тера телевизија рече дека на реконструкцијата планинарскиот дом „Копанки“ се работи, отфрлајќи ги одредени информации како неточни.

Тој зборува и за тоа колку пари општинаат обезбедила за реконструкција.

Со соопштение за јавноста се огласија и од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ во кое велат дека со целосна ангажираност и поддршка од Општина Битола, се работи на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“.

Во соопштението истакнуваа дека во 2021 година после повеќегодишни институционални пречки и стопирања конечно се дојде до судска разрешница, по што веќе немаше видливи законски оправдувања за помагање при обновата на планинарскиот дом Копанки.

ЗПСК ”ПЕЛИСТЕР”-Битола до општина Битола поднесе барање за обнова на планинарскиот дом Копанки. Ваквата ницијатива ја прифати Градоначалникот на општина Битола и дел од Советниците во општина Битола, односно советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и советничката група Поинаку и започнавме разговори.

Понатаму наведуваат деа услов за општина Битола финансиски да ја помогни обновата на планинарскиот дом Копанки беше спроведување на сите законитости кои важат во Македонија при обнова на вакви објекти и измена на Статутот на ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”-Битола.

Во соопштението демантираат дека нема градежни активности притоа забележуваат за како што велат некоректноиста на одиредени известувања со стари фотографии.

На ден 19.08.2022 година, општина Битола на сметката на ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”-Битола донираше 3.800.000,00 денари и на ден 21.09.2023година донираше 3.000.000,00 денари.

Фото: ПСК „Пелистер“