ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ НА СЕДНИЦАТА НА ЗЕЛС ЗА ИНСПЕКЦИСКИТЕ НАДЗОРИ

Безбедноста на граѓаните нема компромис, вели градоначалалникот на Битола, Тони Коњановски кој вчера присуствуваше на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, ( Заедница на единици на локалната самоуправа) на кој присуствуваа и градоначалници од поголемите општини во државата.

Темата на состанокот беа вонредните инспекции на објектите од јавен карактер кои се спроведоа во изминатите денови.

„Како општина ќе продолжиме со инспекциите и во наредниот период опфаќајќи не само јавни објекти, туку и станбени згради. Во периодот кој следува ќе направиме се сите безбедносни стандарди во јавните објекти да биде највисоко можно ниво! Исто така, ќе бидат отстранети и сите недостатоци кај приватниот сектор – онаму каде што ќе бидат констатирани, затоа што безбедноста на граѓаните е приоритет број еден“ вели Коњановски.