ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

Информативна посета на РЕК Битола. Претставници на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола информираа околу актуелните состојби и подготовки на Комбинатот во пресрет на грејната сезона.

Беше кажано дека во рудниците на РЕК Битола констатирана е состојба на хаос затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно проектите. Таму, експлоатацијата ќе продолжи согласно насоките на стручните лица во компанијата и од Рударскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот. Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат, иако според ремонтниот план тоа требаше да започне уште кон крајот на изминатата грејна сезона.

„Сакам да уверам дека неколку принципи ќе не водат во наредниот период, а тоа ќе биде работа, работа и само работа, нулта толеранција за криминалот и корупцијата, процент повеќе во приватни џебови, процент повеќе за компанијата, за ЕСМ, процент повеќе за граѓаните.

Во исто време сакам да ви кажам дека со намалени трошоци ќе се обидеме и сигурен сум дека ќе успееме да постигнеме поголемо производство, четвртиот принцип ќе биде партнерски однос на нашата компанија кон сите фирми кои што сакаат правилно да работат во РЕК Битола како наши добавувачи, економски оператори со кои што би склучиле договор.

Кога сме кај ова четвртото сакам да напоменам и да се заблагодарам на напортите кои што ги направија моите колеги на чело со генералниот директор Узунчев и исто така да им се заблагодарам и на приватните фирми кои што видоа еден нов лик во ова раководство, наши чесни намери и веднаш веќе стапивме кон репреговарање на дел од договорите и само во текот вчерашниот ден имавме успех кој значи остаток на нашата компанија од 3,5 милиони евра во однос на еден договор кој што беше претходно потпишан со еден економнски оператор.

Таков однос ќе градиме понатаму и со останатите компании и се надевам дека заедно ќе можеме реално да ја согледаме состојбата и да помогнат на Управниот одбор да излеземе од оваа тешка ситуација“ рече Зоран Коњановски, член на Управниот одбор на ЕСМ и директор за производство.