Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска преку прес конференција кажа дека СДСМ и Поинаку се против изградба на спортски комплекс во Битола.
„Почитувани граѓани, почитувана јавност, особено почитувана спортска јавност би сакал да ве информирам дека на денешната седница на Советот на Општтина Битола од за мене неразбирливи причини, меѓутоа исклучиво политички во контекст на претсојните локални избори од страна на СДСМ е повлечена точката за усвојување на нацрт-деталниот урбанистички план за Блокот З (запад 08) со што се предвидуваше нов спортски комплекс во Нова Битола.
Тоа не е само спортски комплекс, тоа не е само за љубителите на спортот, тоа е нов реонски центар кој предвидува повеќе содржини. Во планирањето особено е важен јавниот интерес кој го зачувуваме и предвидени се градежи парцели за мултифункционален спортски комплекс во границите на парцелата, основно училиште, старски дом, детска градинка, објекти за колективно домување и огромна површина на парково зеленило.
Да напоменам дека сообраќајниот концепт кој треба да го вооквири овој западен блок предвидува нови сообраќајници. Димитар Илиеввски Мурато продолжува, а во другата насока спојување со нова сообраќајница која ја поврзува улицата „Партизанска“ со „Довлеџик“. Да напоменам дека се работи на површина од над 15 илјади хектари кои се сега површини посадени под ниви.
Да кажам дека ова е услогласено со актуелниот Генерален урбанистички план, меѓутоа и проекциите за иден развој со новиот Детален и Генерален урбанистичкии план со што повторно напоменувам, се предвидува нов реонски центар во Нова Битола“ вели градоначалникот Коњановски.












