Вработени од Фондот за здравство, аптеките и сите други институции во околината на седиштето на овој фонд во Битола учествуваа во крводарителската акција „Фодовско срце“. Битолчани се рекордери во крводарителство, за акцијата во петокот и Општина Битола, односно градоначалникот Коњановски го дадоа својот морален придонес.

Повеќе од 40 крводарители се одзваа на крводарителската акција што се реализираше во просториите на Фондот за здравсто во Битола. До крајот на предвиденото време, до 13.00 часот се собраа повеќе од 35 единици крв. Фондот за здравство во Битола ја реализираше акцијата „Фондовско срце“.

Битолскиот Центар за трансфузиона медицина вообичаено планира повеќе од 4.000 единици крв годишно, директорката д-р Маргарита Јолевска вели ги надминале проекциите.












