Не поминаа 48 часа од завршувањето на големата акција за чистење на градот „Генералка викенд“, екипите на Нискоградба се соочија со некој што задоцнил – во акцијата. Интевернираа во реката Драгор, отстрануваа кревет.
Во екот на акцијата „Генерална Викенд“ и во Битола се доби инспирација да се зачисти, кој по дома, кој по надвор. Сметот едни го ставија во своите канти, дел од граѓаните селектираа, а еден – непознат, ја искористи реката Драгор.

По изгледот на превртениот кауч, за кој работниците од ЈКП„Нискоградба“ беа принудени да интервенираат со тешка механизација, сопственикот еднаш се обидел да го зачува своето богатство со негово реновирање. Но, ете , во генералка викенд тој- кревететот бил првиот што му го донесе учеството на непознатиот сторител во големата акција за чистење.

Инаку, во Битола две јавни претпријатија се задолжени за собирање на отпад од граѓаните. ЈКП „Нискоградба“ е задолжена за собирање на отпад од градежен шут. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ пак е задолжено за собирање и одлагање на габаритен- кабаст отпад. И во двата случаи и со двете претпријатија треба претходно да се контактира на телефоните што ги оставиле на своите официјални интернет страници или страници од социјалните мрежи. Честа е праксата кабастиот или габаритниот отпад да се остави до контејнери. Но без најава на Комуналец, тие нема да знаат и да планираат подигнување на ваквиот отпад. Инаку, одлагањето може и сами да го реализирате, во стопанските дворови на соодветните претпријатија соодветно на отпадот, но, пак , со претходна најава.

Едно од решенијата коешто се користи во другите општини се малку поголеми контејнери поставени на неколку локации во општините. Таков е и примерот на општините Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и Центар, составен дел од град Скопје, со констатацијата дека хигиената и чистота е во зависност од заедничките постапки се апелира да се почитуваат нормите од Законот за јавна чистота и се апелира од нив својот отпад да не го одлагаат на јавни површини.













