ТЕРА

REKLAMA???

КРКАРДАШ, ВО МАНАСТИРОТ НА „СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ“

Eден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус верски и обичајни празнувања е славењето на споменот на четириесетте војници од Севастија. Празникот се нарекува и Младенци.

Македонски е обичајот на 21 спроти 22 март да се одбележи празникот Младенци . Го празнуваат сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година. И, уште се верува дека ако на овој ден времето е убаво, убаво ќе биде и во текот на селата година.

Инаку, според МПЦ, 21 спроти 22 март се одбележува верскиот празник Свети четириесет маченици. Има повеќе народни преданија, но во сите се зборува за војници од Севастија кои маченички загинале за Христијанството.

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на спротивставувањето Константин Први Велики, во 314 година владетелот  Ликиниј ги извел пред суд со закана дека ќе им ја одземе војничката чест доколку и натаму не се откажуваат од Исус Христос и христијанската вера. Светиот Кандид му одговорил „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги!“ па Ликиниј наредил да ги каменуваат, потоа врзани ги фрлиле во блиското езеро. Во текот на ноќта езерото замрзнало околу телата на мачениците, така премрзнати биле изложени и на тортурата од стражарите кои запалиле оган на брегот – само овие да се откажат од Христа.

И овој дел од житието носи момент на чудо, затоа што кога еден од мачениците се приближил кон топлиот оган и се откажал, врз езерото паднала необичлна светлина која го загреала езерото и телата на мачениците , а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави.

Инаку, македонскиот обичај Чет’рсе, неодамна прогласен за заштитено нематеријално културно богаство на УНЕСКО ја раскажува приказната на 40те маченици. Се празнува во Штип, учесниците се собираат на улиците, се искачуваат до Исарот, а при искачувањето, според традицијата, треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе. Собираат и 40 камчиња по пат, 39 фрлаат во река Брегалница, а едно оставаат под перница, според верувањето да го отсонуваат својот иден брачен партнер.