Димитар Кузмановски претседателот на битолските либерал-демократи зборува за заложбата на ЛДП за отворени листи на изборите.
На прашањето што се отворени листи и зошто се важни за гласачот, Кузмановски објаснува дека на тој начин гласачот гласа за личност од листата, а не само за партијата, потоа дека кандидатите одговараат пред тебе, не пред партискиот шеф.
Според него влегуваат нови, способни лица, не само „партиски миленици“, секој глас важи еднакво и се повеќе мотивација да се гласа, повеќе шанси за квалитетни промени.
Додава дека време е да се отворат листите и како што вели, шансите за подобро утре.












