Димитар Кузмановски, претседателот на Општинската организација на ЛДП Битола е носител на советничката листа на ЛДП за идниот состав на Советот на Општина Битола. На второто место на листата на ЛДП е Ана Талевска- Јолевска, доктор, специјализант по интерна медицина. Заедно со останатие од листата ќе ја побараат довербата од гласачите.
„ЛДП Битола на претстојните локални избори со чист образ, со чиста совест и со крената глава ќе ја бара добербата од битолчани. Кадрите на ЛДП во минатото покажаа и докажаа дека знаат да работат домаќински и докажаа дека секогаш работат со срце и душа за Битола.
Во јавните претпријатија, во училиштата, градинките, советот секаде каде ЛДП имаше свој кадар, тие институции беа пример како треба да бидат водени. Ракометот, кошарката и фудбалот, беа во нашиот фокус и од полузгаснати клубови направивме респектабилни тимови. Се ова што денес се случува со овие клубови е само продолжување врз темелите кои беа поставени.
ЛДП Битола не бара доверба за потоа да плука и да вреѓа по сите. Не бара доверба за да бега од одговорност. Не бара доверба за три дена да е опозиција, четири дена власт. Ниту било така, ниту ќе биди. ЛДП бара доверба за да работи во интерес на граѓаните и на градот. Друго и не не интересира“ велат битолските Либерал-демократи.












