ТЕРА

REKLAMA???

КУЛТУРНА СОРАБОТКА МЕЃУ БИТОЛА И ПОДГОРИЦА

Во вечената сала на Офицерски дом во Битола свечено беше потпишан меморандум за културна соработка меѓу Културно и информативен центар – Битола, Македонија и Културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора. Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на актуелните институции г –ѓа Лили Бошевска и г-ѓа Снежана Бурзан Вуксановиќ.

„Задоволни сме што оваа институција со 55 годишно искуство ќе го споделат со нас, па ќе можеме на тој начин да ги продлабочиме и онака добрите пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора. Среќни сме што се тука, разговаравме за сите потенцијални можности, каде и како ќе соработуваме, да не биде само соработка ставена на хартија, туку плодна соработка која ќе значи размена на уметници во двете насоки, размена на идеи и културни настани и се што значи добробит за двата народа“, изјави после потпишувањето директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.

„Многу се радуваме на идната соработка со Културно-информативниот центар Битола. Една мала делегација од Подгорица сме овде веќе два дена, одлично се чувствуваме, ја чувствуваме енергијата на градот на клавирите, на љубовта, уметноста, градот на амбасадорите, конзулите, се се чувствува во воздухот и верувам дека уметниците кои ќе доаѓаат од Подгорица и другите црногорски градови тука, во овој величествен храм на културата, ќе ја почувствуваат таа енергија и ќе разменат со вашата публика емоции, што е цел на уметноста“, изјави Снежана Бурзан Вуксановиќ, директор на Културно – информативниот центар во Подгорица.

На средбата присуствуваа Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, Милорад Андријашевиќ , како и претседателката на Советот на општината Битола Габриела Илиевска и заменик градоначалник Бојан Бојкоски.

„Големо задоволство е што сум во Битола по овој повод, двете земји имаат пријателски односи развиени на сите нивоа, без отворени прашања. Граѓаните се поврзани меѓусебе, постои тоа пријателство и блискост меѓу нашите граѓани. Токму тоа пријателство наша цел е да го развиваме, не само на политичка и економска основа, туку и на најважното, културното ниво. Големо е задовослтвото да бидам денес тука и да бидам сведок на ова потпишување, на оваја меморандум меѓу двата културни центри, кој претставува отскочна даска за идно поврзување на уметниците и пријателите“, изјави амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

„Мојата главна задача, како почесен конзул на Црна Гора во Битола е воспоставување на културна и економска соработка. На културна соработка сме доста подобри и ова е еден од тие значајни настани кои се случуваат. Нема да останеме на ова, соработката ќе ја продолжиме, веќе имаме договорено неколку проекти кои се надевам за брзо време ќе се реализираат“, истакна конзулот на Црна Гора во Битола, Милорад Андријашевиќ.

„Мило ми е што јас како иницијатор на овој Меморандум, ги споив овие луѓе и во тоа успеавме да оствариме соработка. Ќе почнеме соработка, ќе ги поврземе уметниците. Сакам да се заблагодарам на директорката на овај културен центар и на тој начин ќе почниме една соработка, за да ги поврзиме нашите уметници. Драго ми е што јас бев иницијатор на тоа што ги поврзав двете културни институции од две држави“, изјави проф. Горан Јанковиќ, пијанист.

Со овој свечен чин Културно информативниот центар – Битола ги продолжува активностите на полето на меѓународната соработка што е од исклучителна важност за идните културни релации со земјите од регионот и светот.