ТЕРА

REKLAMA???

КУМАНОВО ЛЕСЕН ЗАЛАК, ПЕЛИСТЕР ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

КК Пелистер – КК Куманово 104-70

По израмнетиот прв период, во кој двете екипи поделија по 24 поени, „пелистерци“ притиснаа многу повеќе во вториот. Гостите од Куманово одржуваа егал, но не за долго. Веќе во 15 минута, „зелено-белите“ се одвоија на 35-29, две минути подоцна, имаа и повисоки 41-33, а првата двоцифрена разлика ја донесе, со тројка, Караџовски 50-38.

Во вториот дел од играта, домаќинот многу брзо стигна до предност која беше многу тешка за стигнување од страна на не баш амбициозните кумановчани. Во 28. минута веќе беше плус 30 за Пелистер (80-50), и повеќе од доволно да се запише нов триумф со кој се држи оној минус од една победа во однос на лидерот МЗТ Скопје.

Карпентер беше најдобар со 19 поени, пред Хаџифејзовиќ со 17 поени, а Котерс заврши со 14, пред Маслинко со 12 поени. Кај Куманово се истакна Марјановиќ со 15 поени и беше единствен играч со двоцифрен учинок.

Пелистер по 16 одиграни кола во Првата лига има скор 13-3, додека Куманово е во плеј-аут зоната со четири победи.