ТЕРА

REKLAMA???

КУНОВСКИ: НИЕ ОСТАВАМЕ ЗАД СЕБЕ РЕЗУЛТАТИ, А НЕ РАЗОЧАРАНОСТ

И од Скопје од партиската говорница, Куновски зборуваше за разочараноста од Коњановски и ВМРО ДПМНЕ, а на истата тема со фотографија од средба со поранешните градоначалници на Битола од СДСМ, Наташа Петровска и Златко Вршковски, зборува повторно за разочараноста.

„Градоначалниците на СДСМ во Битола секогаш биле соочени со предизвикот да го спасуваат градот после катастрофата што ја остава ВМРО-ДПМНЕ. Нашите градоначалници се луѓе кои зад себе оставија дела, проекти и траги кои и денеска се гледаат и чувствуваат во нашиот град. И покојниот Силјан Мицевски, и Златко Вршковски и Наташа Петровска ја водеа Битола со работа, визија и љубов кон граѓаните. Ова е разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ – ние оставаме зад себе резултати, тие оставаат разочараност. Со искуството од минатото и енергијата на сегашноста Битола повторно ќе биде град во кој човекот е пред сѐ“ стои во неговата објава доцна вечерва.

Инаку Методија Куновски кој е претседател на ОО на СДСМ Битола, од партијата е номиниран за кандидат за градоначалник на Битола.