ТЕРА

REKLAMA???

КУНОВСКИ ЧЕСТИТАЛ НА КОЊАНОВСКИ

Според прелиминарните резултати од локалните избори што ги има објавено Државната изборна комисија ( ДИК ), СДСМ во Битола има освоено 5 советнички мандати, а кандидатот за градоначалник Методија Куновски 6.118 гласови. Тера Телевизија направи кус разговор со Куновски за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите.

 

ТЕРА: Како ги пречекавте резултатите ?

„Резултатите ги пречекавме со големо разочарување имајќи во предвид дека освоиме 6.118 гласови за градоначалники 5.386 на советничката листа, секако дека се надевавме на могу повеќе. Но, како што би рекол еден наш поранешен претседател, народот е во право и кога греши. Оттаму, единствената можна работа којашто во моментов ни преостанува е многу, многу, многу ангажман, вложување апсолутно на сите луѓе коишто останаа доследни на социјалдемократската идеја во она што треба да значи заздравување на СДСМ во Битола.

 

ТЕРА: Повеќе или помалку советници од 2021 г ?

„Минатиот советнички состав броеше 11 вкупно, заедно со коалицијата од нив осумина беа од СДСМ овојпат сме на пет и на нив ќе падне еден голем товар којшто ќе треба да го износат во Советот на општина Битола. Повторно ќе кажам придружен со враќањето на исконските, изборните социјалдемократски вредности, враќање на доследноста, враќање на истрајноста во презентирањето на нашите ставови коишто кај гласачите ќе треба да проектираат една поинаква слика за СДСМ до следните избори.

ТЕРА: И покрај острите дебати дали честита на Коњановски ?

„ Се слушнавме утрово. Јас и синоќа ѕвонев веднаш после објавата дека е конечен резултатот; не го добив синоќа, се слушнавме утрово , му посакав успешен мандат за доброто на целиот град.  Колку тоа ќе биде возможно, ќе видиме. Се договоривме да се видиме повторно во било какви политички конотации и релации, се во интерес на доброто на граѓаните. “

 

ТЕРА: Поддршка во проектите и при реализација на неговите идеи споделени при кампањата?

„ И во минатиот состав , и  овој состав и, генерално мојата политичка култура и политичката култура која треба да ја градиме мора да почива на интересот на граѓаните. Од таа перспектива апсолутно е сеедно чија е, условно од која политичка партија или определба доаѓа било каков предлог или идеја затоа што сите тврдиме дека идеите ги црпиме од граѓаните. Ако е така тогаш апсолутно не смее да има било каква пречка кога некој проект доаѓа од било која страна да биде поддржан едногласно во Советот на општина Битола, а градоначалникот да има целосна поддршка во реализацијата на истиот.“

ТЕРА: Кои се следните чекори на СДСМ и Методија Куновски ?

„ Многу е лесен одговорот и на ова последно ваше прашање. Јас сум човек којшто робува на принципи, робува на правни механизми коишто го регулираат политичкиот живот. Оттаму, согласно членот 43 од Статутот на СДСМ се свикува општинска изборна конференција, се разговара за резултатите, се носат одлуки и продолжуваме онака како што сите кои се членови на таа општинска изборна конференција ќе донесат одлука. Јас сум  тука за секоја одлука којашто членството на СДСМ и телата коишто ги имаме во моментов ќе ја донесат. “

ТЕРА: Останувате во политиката ?

„Јас сум секогаш дел од политиката на еден или друг начин, ,некогаш пред некогаш зад камера, важно е да придонесуваме за доброто на Битола. “