Битолската „Левица“ денеска ја најави широката и како што велат победничка плаформа за Битола со која „Левица“ ќе настапи на претстојните локални избори.
„И официјално ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град“ стои во информацијата од партијата.
️Во градот кој, како што велат е бастион на Левица, веруваат дека поддршката за кандидатот Зоран Николовски претставува авангардна комбинација која ќе донесе промени и нови идеи за Битола.
Николовски како независен кандидат собираше потписи преку подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола.
Фото: Левица Битола











