Д-р Васил Чипуровски специјалист интернист и Д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог, од вчера работат во Клиничката болница Битола, односно како што соопшти директорката Ненси Лозанче приминаа од приватното во јавното здравство.
„Во услови кога во Клиничката болница има недостаток на готов специјалистички кадар и повеќе од добредојдени се специјалсти со повеќе годишно искуство што претставува придобивка за медицинскиот персонал, а најповеќе за пациентите“ вели д-р Ненси Лозанче, дирекротка на Клиничката болница.
Претходно од Клиничката болница имаа соопштено за уште еден доктор кој од приватното здравство премина во јавното.












