ТЕРА

REKLAMA???

ЛОКАЛИЗИРАН Е ПОЖАРОТ ПОМЕЃУ ЛАВЦИ И СМОЛЕВО

Противпожарната единица на Битола вечерва во  21:10 часот примила повик зa запалена шума помеѓу Лавци и Смолево, при што замнинала и интервенирала со 4 возила и 15 пожарникари.

Како што соопштуваат од противпожарната едниница пожарот е локализиран и е под целосна контрола, а екипите на ТТПЕ Битола остануваат на терен.

Инаку пожарот можеше да се забележи и од другиот крај на градот.

Според Центарот за управување со кризи пожарот бил на шума и ниска вегетација.