Индексот од советникот за недвижности Resonance Consultancy, платформа за брендирање на градови по анкета на повеќе од 21.000 испитаници од 30 земји, заедно со глобални податоци генерирани од корисници го објави списокот на најдобри градови за 2026 година. Рангирањето вклучува 100 градови „што ја обликуваат иднината на Земјата“, особено во услови на зголемена глобална урбанизација и геополитички превирања.

Лондон успешно го држи првото место 11-та година по ред, рангирајќи се на третото место по погодност за живеење, второ по љубезност и прво по просперитет.
Зошто Лондон е најдобар ?
Посетителите можат да поминат неколку дена разгледувајќи иконски знаменитости како што се Лондонската кула, Лондонското око, Бакингемската палата, Британскиот музеј и Вестминстерската опатија, пред да уживаат во некои од најдобрите светски јадења во низа фини и лежерни опции за јадење.

Туристите го посетуваат и за да уживаат во претстава во Вест Енд или претстава на Шекспировиот „Глоуб“, а Скај Гарден нудел уникатно искуство. Ловците на зделки се упатувале кон Портобело Роуд Маркет или Камден Маркет.

Новите високи згради кои се изградени со модерен и иновативен дизјан и еколошки високи стандарди привлекуваат луѓе кои сакаат да живеат во градот од сите страни на светот иако најмногу биле Американци што купувале станови и покрај зголемениот данок на имот за странци во 2024 година.

„Сакани и посакувани“ е кампања од градоначалникот на Лондон која им потврдува на Лондончани дека без разлика кои сте или од каде сте – вие сте сакани и посакувани во градот.

Други европски градови што се наоѓаат во првите 10 се Париз, Мадрид, Рим, Берлин и Барселона. Од аспект на туризмот како индустрија на глобално ниво, 45 % од сите меѓународни патници патуваат кон и низ Европа.
извор: Resonance Consultancy
фотографии: unsplash; London.gov.uk













