Новата премиера на народниот театар „Рибарски караници“ ќе се случи на Ротинското езеро. Директорот Васко Мавровски во интервју за Актуел на Тера кажува дека текстот е летен, наменет да се случува покрај вода и затоа сметаат дека ова езеро е вистинската локација. Го прашавме за тамошната мечка, а тој не потсети и на како што вели невестата од Ротино.
Кажа што ќе значи реконструкцијата на киното „Партизан“, кој се ќе најде место на таа сцена, а за забелешките дека тоа е проект од претходната власт, Мавровски вели секогаш го поставуваме прашањето дали е прво јајцето или кокошката, велејќи дека таа реконструкција била во нивната партиска програма уште во времето на Владимир Талески.
Зборувајќи за последната премиера на „Едмонд“, Мавровски ги отфрла критиките на како што вели дека имало и такви коментари дека театарот станал патриотско друштво и се поставуваат само македонски текстови, вели еве за љубителите на алтернативата нудиме нешто што ги исполнува сите театарски стандарди и нуди нов театарски израз.












