Битолската опозициска партија СДСМ има мака во своите редови со изборот на кандидат за градоначалник на Битола. Никако ниту јавноста, ниту Коњановски да дознае кој ќе биде нивниот избор. И по вториот бран на соопштување кандидати се без решение кој ќе ја води изборната битка за градоначалник во Битола.
Најсилни и најчести се шпекулациите дека битолската СДСМ сака претходната градоначалничка Наташа Петровска да биде противкандидатката на Коњановски. Имало и други две имиња, но за нив наводно централата не се согласувала.
И дека навистина и главниот од Битола, одосно потпретседателот на патијата Методија Илиевски е збунет, зборува и неговиот гаф во телевизиско гостување на Телевизија 24, каде народната поговорка „по утрово денот се познава“, ја преформулира во „ако утрото по денот се познава“.












