ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА ЗАБРАНИЛЕ ПРЕЛЕТ НА АВИОНОТ НА ЛАВРОВ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Брисел дека спречил суверена држава да ја спроведува својата надворешна политика, откако мораше да ја откаже посетата на Србија. Тој денеска требаше да пристигне во Белград, но Бугарија, Македонија и Црна Гора не дозволиле прелет на неговиот авион.

„Се случи нешто незамисливо. Очигледно, Европската Унија ја виде посетата на рускиот министер за надвореши работи на Србија како закана. Секоја држава би требала да биде слободна во изборот на своите партнери, за што се залага и западот, но тој самиот го уништи тој избор“, изјави Лавров на прес-конференција.

Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи.