ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ЗАДОЛЖЕНА „ДО ГУША“

Јавниот долг вртоглаво расте – само во октомври нови 132.5 милиони евра задолжување

Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ во октомври повторно се задолжи, овој пат со 132.5 милиони евра на домашниот пазар. На аукцијата одржана на 22 октомври, Министерството за финансии издаде едногодишни државни записи во вкупен износ од 3.3 милијарди денари, со каматна стапка од 3,80%, како и тригодишни државни обврзници во износ од 825 милиони денари со каматна стапка од 3,95%.

Ова беше второ задолжување за месецот, откако на 8 октомври се реализираше аукција на петнаесетгодишни државни обврзници и едногодишни записи во вкупен износ од 4 милијарди денари.

Во Стратегијата за управување на јавниот долг (2025-2027 со изгледи до 2029 година), Владата тврди дека јавниот долг е под контрола и одржлив. Сепак, јасно е дека јавните трошоци и финансирањето на буџетскиот дефицит стануваат сè поедноставни без постојани нови задолжувања.

Македонија е веќе подолг период во циклус на задолжувања, што во последните години го зголеми јавниот долг на историски највисоко ниво. За време на владеењето на ДПМНЕ и СДСМ, јавниот долг порасна драстично—од 1,82 милијарди евра во 2003 година до 8,87 милијарди евра до крајот на вториот квартал оваа година.

Погрешните политики на актуелната Влада, но и на претходните, предводени од политичари чии бизнис-интереси преовладуваа, ја доведоа Македонија во тешка позиција. Македонските граѓани се соочуваат со најтешките услови досега, во време на висока инфлација, минимален економски раст од само 1,8% за 2024 година и рекорден јавен долг од 8,8 милијарди евра, пишува Антропол.