МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ ВО ИЗВЕДБА НА ВИОЛИНИСТОТ НЕМАЊА РАДУЛОВИЌ
3 март 2023, 7:26 pm
359 прегледи
Array
„Македонско девојче“ доби нова изведба од страна на српскиот и светскиот виртуоз на виолина Немања Радуловиќ.Композицијата е дел од најновиот албум Корени односно "Roots“, за кој Радуловиќ периодов има промоција насекаде низ светот.Промотивната турнеја започна со концертите во Франција во средината на октомври минатата година.Вонсерискиот музички уметник со постојана адреса во Франција за своите концерти секогаш подготвува интересен, атрактивен, необичен и разновиден репертоар.
„Поради сето она што моментално се случува во светот, верувам дека музиката треба да донесе љубов, мир и радост на сите“, емотивно изјавува Радуловиќ. Албумот „Корени“ е првиот проект за „Ворнер класикс“ на Немања Радуловиќ и меѓународниот ансамбл „Дабл сенс“, кој го сочинуваат членовите на оркестарот - сестрите виолинистки Тијана и Ксенија Милошевиќ, Александар Седлар (гитара и перкусии) , Фредерик Деси, Матилде Потие, Борис Брезовац, Милош Михајловиќ и други.
Радуловиќ ја има таа моќ преку музиката да ги зближи луѓето со својата единствена енергија и искреност, возбудлива виртуозност, длабочина на изразување и авантуристичка програма.По потекло е Ниш, на чија музичка традиција со задоволство се навраќа на концертите.Со своето виртуозно музицирање Радуловиќ за само неколку години го освои светот на класичната музика, а потпиша и ексклузивен договор со дискографската куќа Дојче Грамофон, со која е успешен од 2014 година.
Зад себе има речиси четирицифрен број концерти, долга листа на светски класични имиња со кои соработува и настапува, како и престижни концертни сали каде што свири. Го нарекуваат српскиот Паганини кој годишно има и до 120 концерти. Доби Оскар за класична музика.Настапуваше во најпознатите светски сали, меѓу кои и Карнеги Хол.