ТЕРА

REKLAMA???

Малолетник возел ауди без возачка дозвола во центарот на Битола

Малолетен битолчанец возел ауди без возачка дозвола на Булеварот “1 Мај” во центарот на Битола.

“На 07.02.2026 во 04:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола” информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така синоќа на 07.02.2026 во 02:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.И.(30) од Битола.

“При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И., при што било констатирано дека Д.И. не поседува возачка дозвола” информираат од МВР.

По добиени насоки на јавен обвинител, возилaта се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.