Најновата песна на битолчанецот Менде Куновски е со наслов „Мастило“. Куновски е препознатлив на македонската музичка сцена по својот вокал и свежината на изведбите полни со душа преку неговите песни. „Мастило“ е продолжение на „Празен календар“,деби-песната на Куновски, со која ги освои симпатиите на секој љубител на добриот музички звук.

Видеото се снимаше во старата скопска чаршија, а девојката која учествува во истиот е Анита Јовчевска. Музичарите кои го придружуваат Менде се Ташко Грујовски, Александар Поповски, Боби Цветковски, Илија Маревски.

Музиката е дело на Суад Хусеин Цуле, текстот на Борче Нечовски, аранжманот, миксот и мастерингот на Ташко Грујовски. Песната е снимана со Задел продукција, инструментите во студиото на Ташко Грујовски. За видеото се погрижи Арт студио продукција.
Инаку Куновски е препознатлив и по различните фотосесии кои паралелно со своите нови музички проекти ги прави соработувајќи со најреномираните фото професионалци. Овојпат соработката беше со Александар Георгиев.

„Мастило“ е дело кое докажува дека и на овие наши простори има капацитет и можност да се создаде модерна, а сепак квалитетна фолк-песна.
Додека тече промоцијата за „Мастило“, Куновски ни откри дека веќе снимил и друга нумера во соработка со пејачка од Србија. Но за истата ќе ве инфорираме во некоја наредна прилика.












