Има ли ефикасни и брзи решенија за намалување на загадувањето на воздухот кои би можеле да се спроведат без преголеми инвестиции?
Ова е прашањето кое логично се поставува во пресрет на зимската сезона која вообичаено носи највисоко загадување на воздухот. Проблем кој е особено изразен во Битола. Тоа може да се потврди и од податоците кои ги даваат мерните станици, а кои деновиве регистираа високо или средно загадување на воздухот.
Интересен пример за решавање на проблемот со загадениот воздух доајѓа од Мексико, нешто што би можело да се спроведе и во Битола.
Имено, властите во Мексико се сетиле дека во најгусто населените области каде што нема доволно зелени површини истите би можеле да ги создадат во форма на вертикални градини.
Покривајќи ги бетонските столбови со зеленило го трансформирале градот во организам што дише. Секоја зелена колона станува потсетник дека дури и најурбаните простори можат да се раззеленат.
Главниот град на Мексико, Мексико Сити, поставува вертикални градини покрај најпрометните патишта со цел да се подобри квалитетот на воздухот.
Секоја вертикална градина се состои од повеќе од 2.300 растенија, кои директно ги апсорбираат загадувачите, а се наводнуваат со прочистени атмосферски води.
Вертикалните градини се противтежа на густиот сообраќај. Растенијата што се искачуваат нагоре по автопатите апсорбираат загадувачи, генерираат кислород и му даваат на пејзажот чувство на смиреност. Всушност ти се урбани бели дробови кои го филтрираат воздухот.
МЕКСИКАНСКИ РЕЦЕПТ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ
















