Битола ќе има судиски пар како претставници на Медитеранските игри во Алжир. Методија и Михајло Илиевски ќе делат правда на ракометниот турнир во Алжир.
Тие минатата сезона добија ЕХФ значка, судеа на ЕХФ шампионат, на квалификациите за женското младинско Светско првенство, како и не неколку натпревари од европските купови.
Ракометниот турнир на Медитеранските игри стартува на 28 јуни, а финалните натпревари се на 6 јули.












