Српскиот претседателот Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во денешната голема трагедија во Нови Сад, кога се урна настрешницата на главната железничка станица, загинале 14 лица, дека еден од загинатите е државјанин на Северна Македонија, а идентитетот на пет лица се уште не е утврден, јави дописниот на МИА од Белград.
Во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Веднаш по несреќата на терен излегоа 80 спасувачи од неколку градови кои со тешка механизација бараат пат до настраданите под урнатините. Полицијата ги блокираше сите пристапи до железничката станица, а обвинителот почна истрага.
Железничката станица во Нови Сад која е изградена во 1964 година, се реновираше три години. Официјално беше отворена на 5 јули оваа година.
Во Србија утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост.












