Мотивирано, со позитивна енергија и јасна визија за иднината, вака битолската ВМРО ДПМНЕ ја опишува вчерашната посета на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, на две месни канцеларии.


„Заедно со нашите месни комитети разговаравме за идните предизвици и за конкретните чекори што треба да ги преземеме за Битола да продолжи да се развива. Месните комитети се силно мотивирани, сплотени и подготвени да ја донесат новата победа! Надворешната политика на Македонија мора да биде активна, достоинствена и во интерес на националните и државните позиции. За дигитализацијата што го менува секојдневието. За економските перспективи што ја отвораат Македонија кон светот. Не обединува љубовта кон Битола и желбата за подобро утре. Оваа енергија не мотивира да продолжиме со работа, со истата решителност и посветеност“ стои во објавата на битолската ВМРО ДПМНЕ.



Од партијата исто така информираат дека Муцунски и Андоновски за време на посетата на Битола имаа средба во Општинскиот комитет и со претседателите на месните комитети на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Разговаравме за идните предизвици, за потребите на граѓаните и за нашата заедничка цел нова победа во Битола! Континуитетот и проектите за Битола ќе продолжат. Заедно со граѓаните, продолжуваме да работиме за модерен и развиен град. Подготвени и силно мотивирани чекориме кон локалните избори со јасна визија за развој и просперитет“ објаснуават од партијата.

За претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски сојузништвото со граѓаните продолжува.


„Заедно со Муцунски и Андоновски, на средбите со граѓаните ги предочивме идните предизвици и конкретните чекори за развој и напредок на Битола. Подготвени, заедно со граѓаните за победа во Битола. Обединети во љубовта кон Битола и желбата за подобро утре, мотивирани да продолжиме со истата решителност и посветеност. Нашата партиска структура, Месните комитети и волонтерите се подготвени и знаат што значи поддршка за силна Битола“ вели Милевски.













