ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: СЕКАДЕ ОДИМЕ СО КОНЗИСТЕНТНИ СТАВОВИ И ИСПРАВЕНА КИЧМА

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски вели дека вториот унгарско-македонски владин самит е во насока на продлабочување на одличната соработка со Унгарија и таков како пример може да се аплицира и понатаму во соработката на Република Македонија со другите земји од Европската унија.

„Ја гледаме дипломатската активност и намера на владата да не ги повторува одредени грешки кои што се случиле во минатото и не доведоа во ваква ситуација сега некој да го поправа сето тоа што се случило или тоа што го прифатил и тоа што го потпишал и мислам дека овој пат секаде каде што се оди, се оди со конзистентни ставови, со исправена кичма и се обидува да се поправи тоа што нешто беше прифатено, а беше грешно прифатено и сме доведени во ситуација ваква каква што сме.

Интензитетот на меѓународната политика на владата е голем и намерите се Република Македонија да се движи во насоките со своите стратешки партнери, со своите поддржувачи и нормално од секогаш насоката и интенцијата била да бидеме членки на Европска унија и членки на НАТО, така што патот е тој“ рече Милевски во емисија на Канал 5 телевизија.