ТЕРА

REKLAMA???

МИЛОШОСКИ: ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ДИПЛОМАТСКИ НЕУСПЕХ НА КОВАЧЕВСКИ И ОСМАНИ

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување во емисијата 24 Отворено на телевизија 24, вели дека францускиот предлог е грешка и дипломатска неуспех на Владата на Димитар Ковачевски и Бујар Османи, и треба да си поднесат оставки од позициите.

„Сметам дека беше голема грешка и дипломатски неуспех што Ковачевски и Османи месец и пол наназад преговарале за обликот на овој предлог, дале свој удел, не го споделуваа со јавноста, дури не сакаа да направиме заедничка затворена седница во Собранието на комисијата на надворешна политика, или во поширок состав за да видиме кои се контурите на таквиот предлог, и затоа сметам дека ова отфрлање е изнудено откако Ковачевски и Османи увидоа дека голем дел од јавноста, интелектуалци, опозицијата, дел од помали коалициони партнери, новинари и граѓани, цвртсто се спротивставија на овој предлог“, рече Милошоски.

Милошоски смета дека доколку Ковачевски го одбиеше францускиот предлог пред една недела тогаш може да се разговара за тоа дека сакал да ги заштити националните позиции на државата, но како што истакна денеска го одбил за да си ја заштити сопствената  фотелјата.

Милошоски додаде дека со прифаќањето на францускиот предлог и негово модицифирање во бугарското народ собрание се создава дополнителен хендикеп на државата за идните предлози и ставови на Бугарија по однос на Македонија во рамки на Европската унија.

„Пред да влезам во студио гледам дека комисијата за надворешна политика на бугарското народно собрание веќе го прифатила францускиот предлог со извесна модификација во нивна дополнителна корист и ако до сега беше 99 наспроти 1, сега е 100 спрема 0 со таа модификација, и сметам дека тоа нам во иднина на државата и создава дополнителен хендикеп за идните предлози или за идните ставови на Бугарија по однос  на Македонија во рамките на ЕУ“, нагласи пратеникот Милошоски.