ТЕРА

REKLAMA???

МИНИСТЕРОТ АЛИУ ЗА ОНКОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ДА СЕ ДОБИВА ВО БИТОЛА

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека веќе се дисперзирани онколошките амбулантски терапии и дека веќе почнуваат во Тетово, во Битола, Штип и во ГОБ „8 Септември“.

„Прво почнавме во овие центри затоа што таму имаме онколози, професионалци, кои соработуваат и работат заедно со експертите од Клиничкиот центар и еднаш неделно нашите колеги од тука одат во Битола, во Тетово и во Штип, најверојатно следната недела ќе имаме и во „8 Септември“, ќе се отвори Онколошкиот центар и таму ќе почнеме со примена на терапии“ рече Алиу.

Беше прашан кога пациентите веќе нема да мора да патуваат за Скопје за примање на терапијата, што за нив е и трошок, но и дополнително малтретирање за враќањето назад по примањето на терапијата.

„Знаете тоа е цела инфаструктура, цел еко-систем, прво таму имаме компјутерска томографија, а треба да имаме и ЦТ симулатор за да може да се интервенира и да се прими таа терапија. Исто така знаете дека еко-системот не е само онколошки специјалисти да има, туку треба да има цел тим на луѓе, ако нешто се искомплицира при апсорпција на терапијата. Така што во втора фаза сепак ќе треба да инвестираме. Ние веќе имаме, проектот ни е готов, анализираме што се ни треба. Во Битола на пример имаме простор за да може да се купи само ЦТ симулатор и после да се започне со таа терапија. Исто така ве информирам дека потребни се и дополнителни обуки за колегите што работат во Битола, Тетово, Штип и „8 Септември“. Таа е втората фаза. Затоа почнавме со првата фаза, сепак се равоти за пациенти и многу сме претпазливи, бидејќи освен што таа процедура е сензитивна, мораме да бидеме претпазливи, да знаеме дека чекорот со кој што одиме напред е чекор кој што е анализиран и е стабилен и сигурен за сите пациети“ рече министерот за здравство.

Додаде дека протоколот во Битолската болница е готов и оти лично ќе оди таму, каде што ќе се објасни протоколот и ќе се започнат обуки, се со цел да може истиот да се имплементира.