На прес конференцијата за една година од работењето на министерството за култура и туризам, министерот Зоран Љутков, рече дека не зборува за исполнување на тековните обврски или административни извештаи, туку за како што рече целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот.

Кажа за зголемениот буџет за култура во 2025 година за 55 милиони денари и делегирани буџети за 18 установи за самостојно планирање, поддржани повеќе од 2500 проекти од областа на драмската, музичката и музичко сценката дејност, фиолклорот, литературата, издавачката дејност и визуелни уметности како и за други дејности.

Од капиталните проекти кои се во тек го спомена почетокот на реконструкцијата-санација и адаптација на објект на поранешното кино „Партизан“ во Битола.
Фото: 17 јуни 2025












