ТЕРА

REKLAMA???

Минус 9 во Битола: Студено време и сонце со „заби“

Студено време со минусни температури се регистрирани низ целата држава. Во Битола утрово измерени минус 9 степени.
Според податоците на УХМР, најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -16 степени, веднаш по неа се Маврови Анови со -14 и Крушево со -13 степени.

Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер  повремено ќе засилува, само ќе го зголеми чувството на студ.

Максималните температури денеска во најтоплите делови во државата едвај ќе достигнат 3 степени.

Инаку, според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.