ТЕРА

REKLAMA???

МИТКО ЈАНЧЕВ: КАВАДАРЦИ ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛЕН ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Ски стазата Ниже -Поле. Со неа стопанисува Јавното претпријатие „Стрежево“.

Ски стазата Копанки / Пелистер.   Со неа стопанисува „Молика“ дооел АД ЕСМ.

Детското одморалиште на Пелистер, со него … изгледа никој не стопанисува !

Веста дека во Кавадарци, на среде Тиквешија, во ски центарот „Михајлово“ на 1 јануари 2026 година, по 2 месеци ќе има нова ски – стаза, силно одекна во Битола. Многумина се удрија по чело, а други и 6 дена по веста, коментираат по битолските улици и кафулиња.

 

Според местоположбата  и карактеристиките коишто ги има територијата на општина Кавадарци не е само поле, туку 70-80 % од Кожуф планина е на територија на оваа општина, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во телефонски разговор за ТЕРА. Ски центарот Мијахлово извира од детското одморалиште изградено во 80години од минатиот век и, оттогаш има физибилити студија за правење на стази и ски зона во центарот на Михајлово.

„Идејата е многу одамна меѓутоа ја ставија на страна и не ја реализираа. Ние успеав,ме ланската година да ја реализираме со тоа што нарпавивме една стаза со ски лифт и оваа година здрави – живи од 1.01.2026 година ќе ја пуштиме и втората стаза во употреба кои се комплетни со подземна инсталација, со вештачка акумулација од 3.500 метри кубни на вода , со пумпи, со топови за вештачки снег и осветлени комплетно.“

Реализацијата вели ќе чини 400.000 евра, донација од општествено одговорни компании и десеттина помали коишто комплетно инвестираа и во првата ски стаза отворена на 1 јануари 2025. Општината досега има инвестиција од околу 2,5 милиони денари само во делот на осветлувањето, стазата и пристапниот пат.  Ски Центарот ќе функционира како Јавно претпријатие, формирано од Советот односно општината.

„  Општината си ја заврши комплетно урбанизацијата, веќе со одлука на Совет се што е примено како донација е дадено на трајно користење и сопственост на спортскиот центар „Јасмин“ којшто го има општина Кавадарци како јавно претпријатие, чисто јавно,. Под тоа јавно претпријатие имаме спортска сала „Јасмин“ , имаме отворен базен, затворен базен, сега ски центарот е сосема со јавното претпријатие  и ред други спортски објекти со кои стопанисува самото претпријатие. Целта ни е во зимските периоди јавното претпријатие кое има 15-тина вработени, летото да си го работат отворениот базен, зимно време да си ја работат ски зоната, така да се максимално искористени и ќе гледаме да тоа јавно претпријатие да го донесиме до една поголема позитива за да може да биде независно и да може и да биде независно. Значи нема никаков план за приватно јавно партнерство, за приватни значи ќе си биде сопственост на самото јавно претпријатие коешто  од претходно постои во Кавадарци како претпријатие за сите спортски објекти.

Тера: Тоа е всушност општинско, формирано од Советот, ним извештаите им ги поднесува?

„Да , да , извештаите на Совет, со Управен одбор, значи класично јавно претпријатие коешто е формирано општината со советот , со озвештај којшто поминува на Совет. “

Идејата на актуелниот градоначалник и совет на општина кавадараци е да се направи регионален туристичкицентар кој до 2027 година ќе има уште две скијачки стаци – значи „Михајлово“ќе има вкупно 4, комплетно осветелни сдо два ски -лифта теписон за најмладите, и ски жичара од 600 метри за новите стази. Планираат потенцијајна урбанизација со 30 маркици за типски куќи кои ќе се продаваат на регуларна аукција , а проектот има предвидено и изградба на два хотели од помал обем со по 40тина соби . Градоначалникот Јанчев вели, да имаме еден центар кој не е мегаломански, на прекрасната природа на висина од 1.200 до 1.500 метри надморска висина, со можност за еднодневна рекреација или повеќедневен одмор.

Тера: Што би им препорачале на Битолчани ? Градоначалникот евоцираше дека првпат на ски патека застанал во своите средношколски денови.

 

„А за Битола како Битола или Пелистер мене ми е искрено криво што можеби од пред 30тина години во тој цкијачки центар можеби многу малку е вложено , тоа е стварно хендиекеп. Еве како реков од средно школо втора година, тоа е неаде пред 22 години или 24 кога сум бил во Пелистер на стаза, јас оттогаш навака немам видено дека таму нешто се поместило или дека се проширило или дека се модернизирал тој центар. Така да мислам дека трендот на модерницазаиј и регионалните скијачки центри коишто може да ги имаме во Македонија треба да ни бидат појдовна точка , а задрави живи, ако скијачкиот центар „Кожув“ профункционира од поголем обем или Попова Шапка или Пелистер или било кој друг, би било добро да можеме да привлечеме и туристи од страна. Оти и сами знаете дека и БУгарија и Србија се итекако развиени во овој поглед и имаат малтене милиони туристи коишто фиункционираат преку зимскиот период а и преку летниот период постарите центри. Така да по она штоп го имаме благодет од природата и она што можеме да го искористиме реално треба да имаме стратешки план да стратешки ги водиме работиве и да се инвестира, а инвестиција нормално да биде реална , поради тоа што немаме море, меѓутоа еве имаме услови да во зимниот период имаме скијачки зони коишто може од најмлади години па до највозрасните да рекреираат, па и да спортиваат професионално.

Затворениот базен во Битола, него го гради Агенцијата за млади и спорт на Македонија. Требаше да функционира од овој септември.

 

 

 

 

Фотографии: слика од екран/ РТВ Кавадарци