Најава за инвестиции, презентација на реализираните проекти и политички критики кон политичките опоненти се слушнаа на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на кој беа претставени 31 кандидат за советник во Советот на општина Битола предводени од Филип Поповски и кандидатот за градоначалник Тони Коњановски.


Секоја промена е резултат на заедничка работа, а тимот е составен од луѓе кои стојат цврсто со народот.“
Политички крај на тие кои се претставуваат независни оти не ги претставуваат граѓаните, но и тие кои го предале и продале македонскиот национален интерес.
Гласачот да знае дека гласот на избори е глас за себе, за градот со европски стандарди, за силни чекори кон иднината. Гласот за Коњановски и„ Листата на доверба“ предводена од Поповски е глас за европска, економски развиена и еколошка Битола.
Ова се пораките што одекнаa од спортската сала во Битола кадешто заради најавениот дожд беше одржан предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.


„Собрани сме со една цел којашто заеднички треба да ја сработиме уште во неколку денови за да продолжи континуитетот на еден од најдобрите градоначалници во Македонија – досегашниот градоначалник на Битола Тони Коњановски – рече Ѓорѓија Сајковски, пратеник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ отворајќи го официјалиот дел на митингот во кој беа претставени досегашни и претстојни проекти на битолската локална самоуправа којашто партијата претендира да ја води во уште еден четиригодишен мандат. Потенцираше дека Коњановски е човек што го познава секој дел од Битола, се познава со секој од граѓаните на кои им го посветува своето внимание и„ бара за секој да се заврши некоја работа“.


Кандидатот Тони Коњановски доби силен аплауз и скандирање на неговото име како поддршка, и за досега реализираното и за проектите за кои говореше а се дел од неговата понуда до граѓаните за неговиот втор мандат. Првиот мандат измина во решавање на проблеми со кои триесет години никој не се занимавал – како греење во спортската сала, булеварски влезови во градот, илуминација на градскиот саат, паркингот пред спортската сала, прифатилиште за бездомни животни, реализирани и планирани велосипедски патеки, решавање на рурална инфраструктура.


Дадената доверба за втор мандат подразбира планирани инвестиции, инфраструктура, и во градското и руралното подрачје на општината што се резултат на анализите за потребите на граѓаните – булеварски влез во Битола од кај Охрид, реконструкција на коритото на реката Драгор надополнето со осветлување, комплетна водоводна мрежа во Бистрица, реконструкција уште на три градинки, реконструкции во подрачните училишта, функционален јавен превоз со набавка на автобуси, вложување во спортски капацитети, поддршка на спортот и културата , привлекување инвестиции. Потсети дека Битола под негово раководство е лидер во бројот на готови понудени проекти и добиени финансии за нив од владата на Македонија.


„Да покажеме дека кога сме обединети никој не ни може ништо“ – порача Христијан Мицковски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Вели свесене за тежината на исчекувањата,„ сеуште се живее тешко, но вистинските промени не доаѓаат како молња туку тивко и неизбежно. “Тригодишна блокада имаше Битола од централната власт, ама проектите се реализираа. Сепак за нивна непречена реализација потребно е во Советот да се има мнозинството.

Критикуваше, за споредба, на понудата на партијата што ја води и опозицијата и, дека од другата страна има „прочитана книга – иста коалиција пајташи со исти интереси“ и повторно кога се говори за националните интереси, новиот лидер на СДСМ, како и стариот нуди „спакувана лага“ за „црвени линии“. Од нас, може да ги добие само македонските линии.“ Ги пренесе сознанијата дека една од независните кандидатки во трката за градоначалник ја бара поддршката од ДУИ, посочи на демографскиот јаз, рече „нашата борба е за секое семејство, дете што сака подобро училиште, работа и достинствен живот.“

Некокупати со громогласен аплауз и скандирање на неговото име беше прекинуван неговиот говор. Мицковски ги повика битолчани масовно да излезат на избори и да заокружат „за Тони и Филип, за мнозинство во Советот“ , да ги остават настрана ситните игри на другите за да може Битола да се развие како што битолчани сакаат. Во рамките на промоцијата на кандидатите беше промовиран и изборниот спот на кандидатот Тони Коњановски.














