ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: АКО НЕМА ИЗБОРИ-ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА ДРЖАВАТА

Предвремени парламентарни избори за спас на Македонија побара вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на големиот опозициски митинг во Скопје. Ако нема одлука за избори летово, ќе има целосна блокада на институциите, но и блокади низ земјата, рече Мицкоски.

„Реки граѓани исправени и со гордо кренати глави, со име, со чест, со пркост, со емоција и со волја за борба која мора да донесе промени. Никогаш Македонија не видела толку многу болка како овие години и затоа никогаш Македонија не видела толку многу луѓе што вечерва ги преполнуваат улиците на главниот град овде во Скопје, од исток, запад, од север, од југ, од цнетар. Преполно е Скопје! Овој татнеж на судбини и крици на лична бол заради грдата реалност која ја создадоа ќе ги пробуди овие заспани бирократи во оваа влада овде наспроти нас!  Доаѓа крајот на овие нечесни луѓе од Владата какви досега овие три децении не сме виделе! Од денес па натаму, нашиот глас ќе татни низ градовите и низ селата, низ цела Македонија.Како громогласно ехо тргнуваме да ја освоиме победата што ни припаѓа! Нека се чуе на сите страни дека во Македонија – во нашата Македонија – се случува народ. Раскажете ја вистината за луѓето што дадоа многу во името на ветувањата за некаква посреќна иднина, а не добија ништо! И денес оваа одлучност за промени е толку голема затоа што народот веќе нема што повеќе да загуби, живеејќи во време кога загуби речиси сè“ рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека состојбата во Македонија е неподнослива.

„Македонија во овој момент е рекордер во Европа по три работи: првата е криминалот, втората, државата е со најслаб раст на економијата во Европа, и третата земјата има најнизок стандард на граѓаните и со најголема стапка на инфлација. Можеби кризата е увезена, но автентична е неспособноста на кадарот на СДСМ. Најголемиот проблем драги пријатели е инфлацијата која го јаде сечиј домашен буџет. И секое минимално покачување на плата со која се фали Владата, се одзема преку само едно покачување на цените на бензините, не споменувајќи ги покачувањата на сите останати производи. Само едно покачување на цените на бензините, не споменувајќи ги покачувањата на сите останати производи. Всушност сте забележале ли среќен човек кој излегува од пазарање од маркетите? Нема таков затоа што работите кои минатата година сме ги плаќале по една цена денес се двојно поскапи. Половина милион наши сограѓани, луѓе со конкретни лични судбини и стравови живеат со само 150 денари на ден“ вели тој.

Зборуваше и за главното ветување на СДСМ, за кое како што рече неподносливо е и затоа што цели пет години чекаме датум за преговори со Европската Унија кој никако да дојде.

„Што се однесува до Бугарија, сакам јасно да посочам дека ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. А, ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту една точка од овој договор да почитува и да применува. Тоа на сите треба да им е јасно. Една порака и до официјална Софија, наместо да нѐ поддржувате како соседи, вие не блокирате и неповратно ги оддалечувате нашите два народи, македонскиот и бугарскиот. Наместо да нѐ поддржувате, вие нѐ сопирате, тоа ли се добрососедски односи. Наместо да дојдете овде во Скопје и да клекнете и да се извините за злоделата кои што сте ги направиле овде врз овој народ за време на фашистичката окупација во Втората Светска Војна, вие сакате да ни ја ретуширате историјата. Тоа не се европски вредности и тоа нема никаква врска со Европа. И тоа нема никаква врска со тие вредности за кои што сме се бореле од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е она кое што секој еден од нас го мачи, го тишти. И сакам уште еднашка да бидам јасен, 80 пратеника, 2/3 менуваат Устав, а тоа и зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања дел од него“ истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека оваа есен ќе биде есен на блокада на како што вели, неспособноста и на сè она што претставува оваа власт.