Денес во посета на Битола беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изјави за медиумите дадоа на улицата „Довлецик“.
„Повод на денешната посета е увид во работните активности кои ги спроведуваме во локалната самоуправа, тоа се дел од проектите кои се веќе завршени, ревитализации на улици и инфраструктурни проекти пред се, дел со она што го работиме во моментот и нашите предвидувања и планови до крајот на идната година.

Се наоѓаме на потегот на влезот, новиот влез современ према Охрид за Битола со кој Битола ќе добие еден современ влез во градот од страната на Охрид. Се работи за потег од должина од 600 метри, улицата цела беше во три етапи изведувана, двете етапи ги работевме со доаѓање на оваа локална самоуправа. Ревитализиран е мостот на реката „Курделец“ со делот од коритото, потполна нова инфраструктура, ново осветление, партерно уредување на страните, така да од еден коловоз од 8 метри сега имаме коловоз од 11 метри, ако ги додадеме на тоа проширувањата фактички патеките од едната и од другата страна имаме 14 метри проширена улица, современ влез како што реков во Битола.

Останува потегот мостот на Довлеџик, тоа е во вредност од 50 милиони денари, инвестиција на ТАВ кој треба скоро да отпочне, фактички она што не беше предвидено од нашите претходници, девијација на мостот за да граѓаните едноставно можат да ја поминуваат реката „Драгор“ во период додека тој мост се санира.
Значи тоа ќе биде современ мост со должина од 30 метри, широк 21 метар, така да целиот тој влез во Битола ќе биде сосема современ, нов и осветлен. Инаку целиот овој потег кој го гледате во должина како што кажав од 600 метри е во вредност од 22 милиони денари. Ова се само дел од работите кои ги работиме во моментот, тоа е проектот од 23 ревитализација, реконструкција и изградба на нови улици во Битола, 23 како што спомнав, моментално на 13 се работи од кои 5 се завршени, останатите се во тек на доработка или асфалтирање. Сега со претседателот ќе направиме увид и на неколку локации каде што веќе се асфалтира“ рече Коњановски.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски го пофали работењето на Коњановски и неговиот тим.
„Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори.

Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник.
Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија.
Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.
Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците“ рече Мицкоски.












