Што се однесува до Изборниот законик, премиерот Мицкоски вели дека е законик којшто е надвор од оние закони што беа дел од реформите за деловникот за работа во Собранието, каде што има јасни рокови во постапките.
„Изборниот законик е потребно да има политички консензус. Затоа што може некоја од политичките партии повторно да аплицира филибастеринг и да не се донесе Изборниот законик. Но, тоа не значи дека треба Бадентер. Треба да имаме политички консензус и од она што го имам како информација, таков има. Ќе видиме кога ќе влезе во собраниска процедура. Едно од барањата за планот за раст е токму носењето на Изборниот законик“, вели Мицкоски.
Прашан како ги коментира реакциите на невладините организации дека сепак прагот за собирање на потписи за независни листи е висок, премиерот рече дека не може како да го коментира, но посочи дека во Германија за да се влезе во Бундестагот требаат пет проценти, во некои други држави изнесува три, четири и повеќе проценти.
„Видете може да се појави и некој да не е задоволен. Ние не можеме демократијата е таква да, ние да забраниме незадоволство или задоволство. Ги прифаќаме тие пораки ги анализираме и носиме најдобри решенија, коишто одговараат на потребите на граѓаните, а не на поединци или на поедини невладини“, рече Мицкоски.












