ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Во него ги нема формулациите македонски идентитет и македонски јазик.

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено.

„Сакам да потенцирам и нашиот народ да биде на чисто, дека нема да дозволиме да се случи ново предавство! Нема да дозволиме да се отстапи од македонските национални интереси и тоа е завет кој ВМРО го има во својот код. Јас сум само моментален функционер и претседател на оваа партија, кој презел одговорност да служи на својот народ и да ги решава проблемите, да го подобри животот на неговите сограѓани. Работам ден и ноќ за да ја реализирам таа цел”, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека со сојузништво на општествените и политичките чинители во државата, ќе се преземат иницијативи и активности за да докажеме дека Македонија е тука и покрај се.

„Сакам да најавам и низа иницијативи и активности за кои ќе очекуваме сојузништво и заедништво со МАНУ, со партиите на етничките заедници во државава, со опозициската СДСМ, и другите кои сакаат да помогнат и да покажеме на светот дека сме тука и дека се уште стоиме! И покрај се! И после се! Ние сме тука! Стоиме силни, обединети заедно”, заклучи Мицкоски.